Познатиот шведски бренд кој девојките го обожаваат, H&M за сезоната што следи создаде нова колекција полна тренди есенски парчиња кои ќе ги обожавате.

Дизајнерите на брендот ги споија сите трендови во оваа колекција, па така ќе најдете лежерни плетени џемпери со откриени рамена, панталони од сомот, ѕвонарки, романтични кошулки, кожени чизми, одлично скроени капути и што уште не.

Секако, боите во оваа колекција се неодоливи и сосема есенски, почнувајќи од задолжителните крем и кафена, сè до темно црвена, црна, сива и секако бела.

Она што привлече особено внимание се чизмите од нивната нова колекција кои се како создадени за шик есенски и зимски денови, а во колекцијата ќе најдете сосема ниски или пак високи до колената кои се фаворит сезонава.

Сите парчиња погледнете ги погоре во галеријата.

Извор и фото: Fashion.hr

Објавено:
19 септември 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.647 пати