H&M колекција фустани за долго, топло лето

16 мај 2016

„Party Parade" е насловот на новата летна колекција фустани на шведскиот гигант H&M со која се означува стартот на омилената сезона.

Колекцијата се состои од лежерни, опуштени, бохо, макси, миди и мини фустани како и модни додатоци во истиот стилски фазон.

Хипи естетиката се препознава и во лесните кроеви со акцент на карнерите како носечки сегмент, а колоритот е базиран на земјени тонови како кафеава, темно жолта, црна и портокалова, а неизбежно се присутни и принтови во загасити бои.

Објавено:
16 мај 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
2.816 пати