H&M носи магија во секојдневието – фантастична есенска колекција

4 септември 2019

Со идеја до донесе магија во секојдневието, во новата колекција за есен-зима 2019/20 на H&M Studio, е направен одличен спој меѓу кежуал и свечени парчиња, што како целина функционираат фантастично.

Целта е да се покаже дека светкави материјали може да се носат секојдневно, ако соодветно се комбинираат, на пример со плетенини, како што и порачува шведскиот бренд преку новата есенска колекција насловена „Магичен реализам".

Вклучен е широк избор на парчиња, од волнени капути, кожени панталони, мантили, до плетени блузи, светкави здолништа и лелеави фустани.

„Бевме инспирирани од идејата да се пронајде магија во секојдневието. Секое парче е дизајнирано со цел да ја охрабр модерната жена која бара безвременска облека", велат од H&M.

 

Објавено:
4 септември 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
2.368 пати