H&M предлози за деловен есенски изглед

29 август 2017

Сите храбри и нови верзии на класичниот костум ќе бидат една од носечките модни тенденции оваа есен, а шведскиот бренд H&M го имаше тоа во предвид кога го креираше ликот на својата нова сезонска колекција.

Во новиот мини едиторијал каде акцентот е ставен на есенскиот деловен изглед, ќе видите различни, пред се предимензионирани верзии на деловниот костум: макси капути на врзување, широки кошули и панталони, здолништа во строг или лежерен крој...

Покрај земјените и „пригушени" тонови што се карактеристични за есенската колорна карта, во оваа колекција застапени се и јаките и интензивни бои, со особен фокус на црвената која важи за една меѓу омилената на дизајнерите за оваа година.

Погледнете го мини едиторијалот во продолжение.

Фото извор: H&M

 

Објавено:
29 август 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.832 пати