Храбри модни експерименти на машката модна недела во Милано

24 јуни 2014

Во неколку наврати низ нашите креативни содржини ги славиме убавините на најмодната земја на светот Италија. Се чини дека ова е едно од ретките тла каде убавината, културата, традицијата, уметноста и модата функционираат беспрекорно како една машина чија основна цел е постојано да создава и тоа да го прави на мошне оригинален и уникатен начин кој ќе биде пример за креативно созревање на сите останати земји.

Милано пак како град-лулка на модата, деновиве пулсира во ритамот на новите машки тенденции кои ќе ја одбележат наредната жешка сезона. Во полн ек е машката модна недела која започна на 21 јуни, а ќе заврши денес. Звучни дизајнерски имиња ги претставија своите модни визии што  ќе бидат водечки во диктирањето на трендовите за пролет-лето 2015. До денес ги проследивме модните перформанси на точно 64 дизајнери што значи дека понудата за наредната жешка сезона ќе биде навистина инспиративна и мошне богата. Направивме мала селекција и избравме неколку модни ревии кои според нас но и според мислењето на модните експерти со својата оригиналност оставија печат како едни од најдобрите, најстилските и најубавите.

Версаче

Версаче Версаче

Меѓу првите кои ја имаа честа да ја отворат модната недела на мажи во Милано беше и модната куќа Версаче под креативното водство на Донатела Версаче која за чудо на крајот на ревијата излезе да се поклони облечена во црвен костум, а не во црна креација како што впрочем беше случај до сега.

Версаче Версаче

Гламурот кој што е заштитен знак на модната куќа Версаче, не можете да го видите во оваа колекција која е во богата пастелни бои и е инспирирана од Куба. Костумите се со класичен крој и се комбинирани со едноставни маички, а мошне впечатлив и револуционерен чекор кој се решила да го направи дизајнерката е машкиот комбинезон што дефинитивно го одвлече вниманието на публиката.

Версаче Версаче

Духот на Куба  разбуден не само преку пастелната палета на бои, туку и преку мрежестите парчиња, рачните апликации на панталоните, ресите на палтата и пачворк техниката. Модните амплитуди се движеа од едноставни класични кроеви до барокни визии кои потсетуваат на моделите од Стариот Рим и Античка Грција. Доминантни беа розовата, бежовата, сивата, белата, светло сината, жолтата, темно розовата  црвената боја. Покрај комбинезоните за мажи особено внимание привлекоа и модните додатоци сандалите и мокасините кои беа украсени со медуза заштитното лого на куќата и златни синџирчиња, големите патнички торби, крпите за на плажа и ѓерданите кои моделите ги носеа околу врат.

Ерменеџилдо Зења

Ерменеџилдо Зења Ерменеџилдо Зења

Стефано Пилати ја презентираше третата машка колекција за италијанскиот бренд Ерменеџилдо Зења. Дизајнерот сакаше со новата линија да им порача на мажите да излезат од вообичаената удобност, прелагајќи им спортски и уличен стил, надополнет со многу класика во поглед на формалниот изглед.

Ерменеџилдо Зења Ерменеџилдо Зења

Познатиот мајстор на својот занает, Пилати се фокусираше на архитектонските линии вметнувајќи ги широките палта и јакни. Опуштен крој, но сепак модерен кој ќе ја нагласи машката силуета и шарм. Машките костуми се целосно во духот на традиционалната класика од едно време.

Ерменеџилдо Зења Ерменеџилдо Зења

Темно сината и сивата нијанса доминираа на пистата, зачинети со неколку свежи тонови како темно розова, зелена, бела и жолта.

Долче и Габана

Долче и Габана Долче и Габана

Првиот ден беше резервиран со ревијата на модниот двоец Доменико Долче и Стефано Габана.

Коридата традиционално се смета исклучиво за дел од шпанската уметност, па затоа новата колекција на Долче и Габана која е целосно во шпански стил, малку ги изненади присутните со оглед на фактот дека дизајнерите секогаш својата инспирација за креирање на дизајните ја црпат од нивната сакана и родна Сицилија.

Долче и Габана Долче и Габана

Во Шпанија, коридата е составен дел од културата иако како настан во неколку наврати е осудуван поради протести за паравата на животните, но се чини дела легендите и романтичните митови врзани за оваа манифестација беа посилни од било каков протест и негодување. Тореадорот е витез кој секогаш го красат црвената, златната и црната боја. Бикот пак е олицетворение на чудесната животинска сила. Токму главните протагонисти во коридата беа инспиративниот стимул кој резултираше со креирање на колекцијата на мажи кои ја потпиша модното дуо Долче и Габана.

Долче и Габана Долче и Габана

Борбените витези кои продефилираа на пистата беа олицетворение на нивната битка со државата, која заврши со огромен триумф. Но борбата сè уште не е завршена. Линијата вклучува тореадорски јакни извезени со златна и црна лента изработени од најквалитетно црвено кадифе, костуми „зачинети“ со тантела, мали вратоврски кои се дури и незабележителни, бели кошули со мали јаки, класичен крој на панталони сите создадени од светото тројство на бои црвена, црна и бела со неколку отстапки во нијансите кои само го нагласија модниот космополитизам и умешноста на дизајнерите во креирањето на автентични модни приказни.

Долче и Габана Долче и Габана

Вториот ден од Миланската модна недела за мажи го одбележаа интересни модни шоу и уште поинвентивни модни креации за мажи.

Салваторе Ферагамо

Салваторе Ферагамо Салваторе Ферагамо

Новата колекција на Масимилијано Џорнети за модната куќа Салваторе Ферагамо во споредба со претходните изданија остава впечаток на мирна, класична, со адаптација на спортски парчиња и целосно ги поместува границите помеѓу машките и женските кроеви.

Салваторе Ферагамо Салваторе Ферагамо

Оваа машка линија за пролет-лето е целосно посветена на Африка. Сафари стилот и принтовите од жирафа доминираат низ плејадата парчиња. Пастелните нијанси и земјените тонови се во фокусот на линијата, како и необичните сандали во грчки стил и големите патнички торби кои беа во улога на комплетирање на и онака хитовските модни стајлинзи. Ревијата беше проследена со аплаузи и големи овации од страна на присутните што и гарантира голем успех.

Марни

Марни Марни

Првиот впечаток што го остави промоцијата на новата колекција на Марни, беше дека е изваден од некој музеј за современа уметност. Констатациите на модните експерти беше дека креативната директорка на куќата Консуело Кастиљони е во конфликт со супрематските уметници. Дизајнерката играла со палета на бои и концептот на кроеви, кои воопшто не се досадни, а имаат за цел да го промовираат стандардниот машки изглед.

Марни Марни

Модните парчиња имаат примеси и од јапонската уметност, а како најпопуларни се издвоија јакните, панталоните, палтата и костумите кои беа акцентирани со додавање на интересни модели на очила за сонце.

Келвин Клајн

Келвин Клајн Келвин Клајн

Без многу експериментирање, со преземање на едноставни црни и беж тонови, дизајнерот на машката модна линија на Келвин Клајн, Итало Ѕукели, остави монотоноста на бежовата нијанса да ја заокружи модната приказна за пролет-лето 2015 година. Линијата вклучува кошули, дресови, јакни и блузи направени од PVC материјал во светли и енергични портокалови, црвени и жолти нијанси, кои пак имаат улога да ја разбијат едноставноста на линијата.

Келвин Клајн Келвин Клајн

Третиот ден од машката модна недела понуди исто толку возбудливи и интересни стајлинзи како и претходните два дена, а како највпечаливи ние ги издвоивме колекциите на Етро, Армани и Фенди.

Етро

Етро Етро

Според Кин Етро, креативниот директор на истоимениот бренд, инспирацијата за новата колекција е храната. Поточно уметничките слики на италијанскиот уметник Џузепе Аримболдо, кој е познат по своите портрети составени од храна. Па, воопшто не треба да не изненадуваат принтовите и апликациите на различните јадења низ моделите.

Фенди

Фенди Фенди

Силвија Вентурини Фенди, креативната директорка на италијанската модна куќа Фенди лесно се справува со противречностите на изгледите, па така нејзините креации осцилираат во интензитет од немирни момчиња, па се до стилски возрасни мажи и притоа комплетно отстапуваат од женственоста.

Фенди Фенди

Дизајнерката одлично се снашла во комбинирањето на игриви би во духот на традиционалниот машки изглед. Груби материјали во комбинација со меки воздушести линии на кројот акцентирани со огромни ранци како моден додаток кој е комплетно идеален избор за еден маж со стил.

Емпорио Армани

Емпорио Армани Емпорио Армани

Новата машка колекција на Емпорио Армани за пролет-лето 2015 година е составена од искршени линии и монохроматски нијанси кои креираат оптичка илузија кај сите изгледи. Геометријата и графичкиот дизајн на апликации во црно-бели тонови се заштитен знак на линијата. Едноставниот крој и веќе препознатливите структури на композицијата како и текстурата на материјалите комплетно го отсликуваат модниот стил кој го негува брендот Армани.

Објавено:
24 јуни 2014
Категорија: 
Колекции