Најновата колекција на македонската модна етикета за безродова мода Лудус наречена „Monoscapes“, ги разработува прашањата на одржлива мода преку употреба на 100% природни материјали со висок квалитет, останувајќи во сферата на минималистичката визија започната одамна од страна на авторот Драган Христов.

Не одминувајќи ги трендовите „Monoscapes“ создава безвременски изглед и поставува философски прашања во врска со бојата како предрасуда во западната култура.

Насловена како „Хромофобија“ од страна на Дејвид Батлер во неговата истоимена книга, овој страв од боите е основата на колекцијата.

„Колекцијата се состои од 50 парчиња изработени во текот на 3 месеци во 6 градови во Македонија, од страна на 3 занаетчии, 3 фабрички погони и тим од професионалци што беше неизмерно посветен на работата“, вели дизајнерот.

Колекцијата, за прв пат беше претставена на Љубљанската модна недела, а ќе може да се најде во продажба во „Пентља концепт стор“ во Љубљана, Луксантика во Скопје и веб продавницата на Лудус.

Фото: Јуре Маковец

Објавено:
7 ноември 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
317 пати