Хрватите eNVy room имаат нова магична кампања

6 јуни 2018

Тие се дефинитивно еден од најуспешните хрватски брендови кои веќе неколку години прават одлични колекции, а парчињата ги носат најпознатите девојки од земјата и пошироко.

Дизајнерскиот тим на брендот неодамна претстави нова колекција, а сега конечно излезе и кампањата за презентација на истата која е неодолива.

Едиторијалот е снимен во стакларник со многу растенија кои послужија како идеална сценографија за на најдобар начин да се прикажат романтичните фустани кои на неодамнешната ревија предизвикаа бројни позитивни коментари.

Дел од колекцијата се голем број шармантни фустани и посебни парчиња по кои дизајнерската двојка и онака е позната.

„Секоја кампања која ја снимаме за pret-a-porter линија сакаме да ја претставиме преку посебен едиторијал затоа што така најдобро можеме да ја раскажеме приказната. Сакаме на колекцијата да и дадеме еден друг контекст кој не мора секогаш да биде комерцијален. Фустаните се презентирани пред неколку месеци, а со оваа кампања сакаме да им дадеме една сосема поинаква рамка. Гумените чизми, ракавиците, опремата, стакленикот... се во спротивност со нежните фустани, па заедно создаваат една бајковита атмосфера“, изјавија за Buro 24/7 дизајнерите на брендот, Вјеко и Никица.

Објавено:
6 јуни 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
122 пати