Хрватка во новиот лукбук на Масимо Дути

15 април 2014

Љубителите на суптилната елеганција и женственоста која е заштитен знак за Масимо Дути, ќе бидат воодушевени од новиот лукбук. Со постојаното информирање во однос на новите колекции, правењето нови едиторијали и кампањи, модната куќа успеа да се етаблира во модниот свет, нудејќи секогаш впечатливи креации за сечиј вкус.

Новитет во однос на лукбукот на Масимо Дути со наслов „Vacation Diary“ е убавиот модел - Анита Лијиќ од Сплит, која полека почна да гради интернационална кариера. Убавата Хрватка позирала во најактуелните креации од модната куќа, а замислата на креативниот тим е да се направи спој помеѓу монденските летни дестинации и безвремената елеганција.

Објавено:
15 април 2014
Категорија: 
Колекции