Хуманитарна колекција на Мисони за децата болни од рак

13 февруари 2015

Сестрите Маргарет и Тереза Мисони лансираат капсулна колекција од чија продажба средствата ќе бидат донирани за медицински третмани на децата болни од рак.

Мини колекцијата ќе содржи маички со два различни дезени, платнена чанта и блузони. Истите се наменети за деца од 4 до 12 години, а средствата од продажбата директно ќе бидат донирани за фондацијата „Gold For Kids“ која им помага на болните деца.

Сите парчиња се декорирани со графики од илустраторот Иво Бисињано.

 

Објавено:
13 февруари 2015
Категорија: 
Колекции