Идеален деловен летен имиџ

20 мај 2015

Ако зимата ни дозволува игриви комбинации со повеќеслојното облекување, во лето, особено за деловните жени најзначаен е комфорот и функционалноста во работното секојдневие.

Затоа деловната облека во лето треба да биде практична, лесно да се комбинира, а пред се да биде изработена од пријатни и природни материјали и да и’ дозволува на кожата да дише.

Препорачливо е  да доминираат светлите бои и пастелните тонови, кои пак совршено се спаруваат со впечатлив накит или модни додатоци во интензивни бои.

Новата колекција на брендот Comma е одраз на потребите на современите деловни жени. Летната линија се состои од здолништа во „пенкало“ крој, транспарентни лесни кошули, комбинизони што се ултимативен тренд сезонава, широки панталони, летни плетива како и лесни и удобни јакни.

Белата боја е доминантна, а најчесто комбинирана со пудрести тонови, крем, беж и маслинесто зелена. Колекцијата е надополнета и со модни додатоци каде акцентот е ставен на  торбите кои ќе соберат апсолутно се’ што и' е потребно на една деловна дама.

 

Објавено:
20 мај 2015
Категорија: 
Колекции