Инспиративна колекција на Stylebop за летните фестивали

26 јуни 2014

Покрај сите останати  „луди“, убави, весели и „откачени“ работи кои можеме да ги правиме во лето, ова е и период кога се актуелни и  фестивалите на отворено. Потребните „реквизити“ за да започне организацијата на еден летен фестивал се сонце, сино небо, голема сцена, ѕвезден настап, познати гости и креативен аутфит.

Посетители на најголемите музички фестивали се светски познати имиња, почнувајќи од Ана Дело Русо, Карин Ројфелд, Алекса Чанг, Кејт Босфорт, Џесика Алба, Кара Делевиљ, листата е предолга и нема крај.

За сите вас кои сте  вљубеници во неконвенционалните аутфити за време на музичките летни фестивали, Stylebop објави капсулна колекција од пет специјално дизајнирани парчиња потпишани од пет различни дизајнерски имиња. Лежерна, удобна, пријатна, стилска, со задолжителна листа на модни додатоци, шапка, чанта со реси, очила за сонце и чизми до глужд. Плетенките во коса и бохо силот е исто така задолжителен избор на стајлинг со кои се појавуваат многу ѕвезди на ваквите фестивали. Единствено нешто што недостасува во овие романтични парчиња е мантил за во случај да се влошат временските услови.

Како ви се допаѓаат овие преслатки дизајни?

 

Објавено:
26 јуни 2014
Категорија: 
Колекции