На третата вечер од актуелниот Моден викенд Скопје, се претстави и дизајнерката Елена Спасовска. Со музичка тема што вклучуваше и звуци од машина за шиење, Спасовска ја презентираше колкцијата „Интимна револуција“ за сезона есен-зима 2016.

-Инспирацијата за оваа колекција е жената од работничкат акласа, нејзиниот молк наспроти нејзиниот херојски став.  Таа е бестрашна, бунтовна и се бори за своите права. Колекцијата истражува како оваа жена минува  низ сопствената интимна револуција. Таа е инспирациа за колективна сила. Централна тема е текстилот и текстилната индустрија во Македонија, особено нарушените права на работничките во текстилната индустрија – потенцира дизајнерката.

За изработка на парчињата, Елена користи природни материјали – волна, памук и свила, а за првпат во нејзиниот дизајн презентира и кроеви од плетени материјали.

-Оваа колекција е наменета за младата, храбра и бутновна жена која слободно ги изразува своите ставови – вели Спасовска.

Дизајнерката му останува верна на Модниот викенд кога станува збор за презентацијата пред домашната публика, бидејќи како вели, тоа е еден од најзначајните модни настани во државата, а воедно е и платформа за презентација на нови и прогресивни дизајнери.

Сепак, не крие дека би сакала „Интимна револуција“ да излезе и од границите на Македонија.

-До сега моите колекции беа претставени и продавани во Бугарија и во Австрија и би сакала да  продолжам со оваа соработка, а секако доколку се отвори и нова можност, да освојам и нови пазари.

Објавено:
24 октомври 2015
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
899 пати