Ирина Тошева со Цветна бајка на FWSK 2013

2 мај 2013

Цветната бајка на Тошева тргнува по патот на природата со памучни и свилени материјали, кои ја покажуваат удобноста на моделите. За оваа дизајнерка преобразбата значи мода која нема да помине незабележано, шарено и маркантно.
-Третпат се претставувам на Модниот Викенд, но, ова ми е прва самостојна ревија. Инспирацијата за колекцијата е од виленско коњче, кое се појавува ненадејно и трага по неговото значење, а секоја една индивиуа различно може да го доживее. Ми се допаѓа тоа што од година во година интересот на дизајнерите за учество е се поголем, што всушност покажува некаков напредок на нашата модна сцена.

Објавено:
2 мај 2013
Категорија: 
Колекции