„Ирис“ - нова пролетна колекција на Росица Мршиќ

28 април 2017

Пролетната колекција на Росица Мршиќ за 2017 година „Ирис" е инспирирана од британскиот уметник Rebecca Louise Law која изработува флорални инсталации и уметнички дела посветени на циклусот на постоење.

Колекцијата има софистицирано релаксирана силуета која во некои елементи има допир со спортскиот изглед, а сето тоа е претставено во чиста и префинета линија што дизајнерката ја негува секоја сезона. Колекцијата е наменета за модерни жени со истенчен вкус, изграден стил и индивидуалност.

Колекцијата изразува спонтаност и леснотија, а изборот на материјали од кои е направена го нагласува таквиот впечаток. Модните парчиња се рачно изработени и се дополнети со црни цветни детали, кои даваат контраст на основата. Колекцијата е изработена во препознатливите црна и бела боја, а додавањето кралска сина, пудра розева и цветни дезени ја одразува инспирацијата од делата на Rebecca Louise Law.



Објавено:
28 април 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
264 пати