ЈЗЈ колекција Dolls пролет-лето 2013

31 мај 2013

На покана од главниот организатор на Модниот викенд во Ниш, Златко премиерно ја претстави пролетната колекција „Dolls“ за чија инспирација послужиле куклите од излозите кои според него се совршена форма, по која копнее секоја жена.

-Сметам дека секоја жена во себе крие една Дива, а секоја Дива со круна на главата е Doll,  изјави Златко.

Креациите се изработени со сликана тантела и се рачно везени, според примерот на париските модни куќи кои ја преферираат рачната изработка. Младиот дизајнер изјави дека на оваа колекција работел три до четири месеци, а дека за ревијата во Ниш имал однапред смислен концепт.

-Однесов музика со посебен ангажман и специјален ремикс за песните. Отидов со спремна кореографија, сакав посебно осветлување, па и поголем простор во бекстејџ, објасни дизајнерот.

Позитивните комплименти во Ниш не изостанале, па токму поради тоа Златко се надева дека во иднина ќе биде дел и од Модниот викенд во српската престолнина, Белград. Што се однесува до модата, тој смета дека Србија е многу понапредна во однос на модниот израз, па токму поради тоа таа е и голем предизвик за него. Во однос на идните планови, Златко напорно работи на неколку нови проекти, а планира и поголемо претставување пред македонската јавност.

Објавено:
31 мај 2013
Категорија: 
Колекции