Како се создаваше пред – есенската колекција 2014 на Мајкл Корс

17 декември 2013

Мајкл Корс за празниците не почести со супер фотографии од неговата нова, пред - есенска колекција за 2014 година.

Во чекор со трендовите, дизајнерот за 2014 претстави колекција во која се вклучени волуменозни палта, широки машки кошули, широки панталони, здолништа со фалти и тренди џемпери.

Меѓу другото, тој понуди и интересна палета на модни додатоци како брошеви и црни марами, а секако не ги изостави и класичните „оксвордки“ и кожените патики.

Кога станува збор за омилениот додаток на секоја жена, чантите, тој за следната есен ни сугерира дека чантите налик училишни торби и актовки ќе бидат полн погодок.

Како што самиот дизајнер кажа, инспирацијата тој ја нашол во модерните мажи на денешницата. Што се однесува до боите, тој одбра сина, црвена, црна и светло кафена.

Како ви се допаѓа она што дизајнерот го подготви за пред – есенската колекција за 2014? Дали веќе се замисливте себеси во овие тренди парчиња?

Објавено:
17 декември 2013
Категорија: 
Колекции