Карл Лагерфелд вчера ја одржа новата, меѓусезонска колекција на брендот „Шанел“.

По тој повод одлучи да се врати во родниот Хамбург. Филхармонијата во овој германски град беше местото каде што тој успеа да реализира уште една приказна што ги спојува модата, корените, емоциите и модерното време. За нејзиниот нов изглед се погрижи швајцарското дуо Herzog&de Meuron, за кои дизајнерот ќе каже дека се вистински гении.

Хамбург во кој растел Лагерфелд и Хамург на кој му се врати не се исти, но ги врзуваат бројни сеќавања.

Куќата во која пораснал се наоѓала покрај езеро. Неговиот татко бил успешен индустријаец, кој ги снабдувал сите кафулиња со млечни колачиња кои се служеле со кафе. Мајка му пак, после војната му кажува дека е најдобро да ја напушти Германија, што ѝ го прави, заминувајќи за Париз.

„Хамбург е премин, порта кон светот. Но, првин мораш да поминеш низ неа“, биле зборовите на мајката на големиот дизајнер.

Тилда Свинтон ќе лаже дека ова е едно од најубавите „Шанел“ колекции и шоу-а на Карл Лагерфелд.

„Во Хамбруг сме, родното место на Карл, што дава еден баланс, но и интимност, релаксираност... Привилегија е да бидете на еден ваков наста“, вели Тилда за WWD.

Сентименталните делови можат да се препознаат и во музиката. „La Paloma“ е песната која ја следи колекцијата.

„Оваа песна е химна на Хамбург, на некој начин. Тоа е песната која морнарите ја пееја кога заминуваа на морето. Сум ја слушал целиот живот и навистина е многу убава. Стиховите се исто така убави. Има еден дел каде што морнарот ѝ вели на својата сакана: „Не лути се на мене, но јас сум оженет за морето“, објаснува Лагерфелд.

Дизајнерот ќе посочи дека пристаништето на Хамбург е многу изменето од тоа кога тој бил млад.

„Но, без разлика на тоа, го сакам. Кога бев дете, одев на школо со синовите на сопствениците на бродовите и често одевме таму, си игравме на бродовите. Сето тоа мене ми е многу блиско и познато, додава Карл.

Токму тоа ќе биде и инспирацијата за новата колекција. Од плетенини, преку препознатливиот „Шанел“ твид, до транспарентни ткаенини и тантела, видливо е влијанието од морските униформи, но и генерално модата во Германија од 1960-тите.

Јакни на дворедно закопчување, плетенини со морски мотиви, „греачи“ за нозе во комбинација со украсените чизми, како и украсениот твид во темносини, црни, но и црвени и бели нијанси доминираат низ колекцијата.

Акцентот е ставен на строгите машки кроеви и машката естетика, која е имплицирана и во женските комбинации.

Сепак, и покрај тоа што сите го доживуваат ова шоу како емотивно, и за посетителите, а уште повеќе за Карл, тој ќе каже нешто соссема спротивно.

„Не чувствувам никаква носталгија. Ова не значи дека сакам да се вратам назад, или да затворам некој животен круг. За мене, во моментов, филхармонијата во Хамбург е најинтересното здание во Европа. Структурата ме потсеќа на бранови, што пак ме потсетува на местото каде пораснав. Ми се допаѓа идејата Хамбург. Но, реалноста не е за мене. Немам време. Сепак, дел е од мојата ДНК, од моето духовно наследство, ако сакате така, но јас нема да го употребам во таа смисла. Тоа е само еден елемент. Подобро е да создадете подобра иднина развивајќи ги елементите од минатото“, потенцира Лагерфелд, цитирајќи го Гете.

На крајот, дизајнерот ја поздрави публиката, излегувајќи на сцената со неговата мини муза, деветгодишниот Хадсон Кроениг.

 

 

A post shared by CHANEL (@chanelofficial) onDec 6, 2017 at 10:20am PST

 

 

A post shared by CHANEL (@chanelofficial) onDec 6, 2017 at 2:44pm PST

 

 

A post shared by CHANEL (@chanelofficial) onDec 6, 2017 at 5:32pm PST

 

 

 

 

 

 

 

 

 

A post shared by CHANEL (@chanelofficial) onDec 3, 2017 at 9:41am PST

 

Објавено:
7 декември 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
401 пати