Карнери и нежна тантела доминантни во новата колекција на Зухаир Мурад

9 март 2019

Либанскиот дизајнер Зухаир Мурад неодамна го презентираше лукбукот со колекцијата за есен 2019 година. 

Тој претстави парчиња кои го спојуваат Истокот и Западот. Инспириран до самураите, тој вметна елементи од јапонската култура, а истовремено комбинирајќи ги со бохо стилот од 70-тите.

Ви колекцијата доминираат креации со карнери и нежна тантела. Принтот и црвените тонови се исто така присутни, како и парчиња со монистра и богата, односно потешка тантела.

Инаку, во лукбукот ќе забележите и неколку женски одела со машки крој, кои совршено се вклопуваат во актуелните трендови. 

Дизајнерот се потрудил да создаде комбинации за секоја жена, па фустаните доаѓаат и во мини, миди и макси должина, кроевите се најчесто широки, иако има и неколку креации што ја следат линијата на телото. Освен црвените нијанси, доминантни се и сините, црните и беж...

Колоритот и принтовите ја прават колекцијата разиграна и покрај тоа што се работи за сезона есен/зима.

Во галеријата погодлу погледнете ги сите комбинации и кажете ни, која најмногу ви се допаѓа:

Објавено:
9 март 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.534 пати