Во најновата пред-есенска колекција на Каролина Херера, дизајнерката се осврнува на кроевите, како за дневни креации, така и за вечерни.

-Колекцијата е всушност составена од парчиња што ни требаат – посочува Херера.

Нема потреба да се потенцира дека црно-белите комбинации се доминанти. Од друга страна им парираат женствените креации во интензивни бои и принтови.

Белата кошула, по која е препознатлива, е составен дел и од трендовите за 2016, според Каролина.

Комбинирана со црни здолништа или бели широки панталони, дизајнерката уште еднаш потврдува и потенцира на безвременоста на ова парче.

Ако сте обожавател на долгите, волуменозни здолништа, тогаш сигурно ќе ви се допадне тоа што тие ќе бидат актуелни и следната година. Барем Каролина Херера така одлучи.

Објавено:
21 декември 2015
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.171 пати