Каролина Херера се навраќа на венецуелските корени во новата ресорт колекција

14 јуни 2017

Ведрина и оптимизам, тоа е она што модните креативци може сега да му го понудат на светот, а нужно му е потребно.

Така размислуваше Каролина Херера во создавањето на новата ресорт колекција обоена во позитивни мисли, шареноликост и слобода.

Инспирацијата ја побара дома, во Венецуела, во нејзината градина со свежи цвеќиња.

Со тоа на женствените дизајни, препознатливи за нејзиниот дизајнерски опус, им даде младешка и динамична енергија.

Кроевите ги разигра во слободни и лелеави линии, а нијансите ги спои во навидум неспоиви палети.

Од прво до последно парче, сонуваме да ги носиме!

Фото: vogue.com

 

Објавено:
14 јуни 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
461 пати