Келвин Клајн во сиво за следната зима

3 јануари 2014

Американскиот бренд Келвин Клајн својата колекција за следната зимска сезона ја ограничува на сивите тонови, со повремено појавување на бледо розовата. Целата колекција делува удобно, лежерно, со основен боемски предзнак. Доминираат макси здолништа, предимензионирани капути со едноредно и дворедно закопчување, широки панталони и комбинезони. Пaрчињата се едноставни, изработени од лесни материјали, а единствените детали на кои се фокусира вниманието се масивните копчиња.

 

Објавено:
3 јануари 2014
Категорија: 
Колекции