Младиот и талентиран Кикор Јаботан своето модно образование го стекнал во Бејрут на Универзитетот „l’Ecole Superieure des Arts et techniques de la Mode“, по што веднаш започнал со работа во ателјето на неповторливиот Ели Сааб.

Само неколку месеци подоцна, тој го напушта креативниот оддел на брендот и почнува со работа на сопствената колекција под свое име, пишува modamo.info.

Првата голема можност тој ја добива кога е одбран од Starch фондацијата да ја прикаже својата колекција и од тој момент ја започнува независната кариера.

Како што самиот ќе каже, неговиот бренд вистинскиот успех го доживеал кога неговото семејство започнало да работи заедно со него по што и обемот на работа и бројот на клиенти значително се зголемил.

Во продолжение, погледнете ја неговата бајковита пролетна колекција во која знаеме дека ќе се вљубите од прва!

Објавено:
14 март 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
6.806 пати