Колекција маички за 25 годишнината на Симпсонови

23 мај 2014

Кој би помислил дека веќе помина четврт век од кога на светот му се укажа приликата да го запознае семејството Симпсон и нивните соседи кои живеат во градот Спрингфилд и секојдневно решаваат „важни“ проблеми.

Факт е дека Симпсонови е еден од најпопуларните анимирани филмови. За да ја прослават 25 годишнината од постоење, компанијата ги здружи своите сили со Elevenparis и париската стоковна куќа Колет и заедно создадоа капсулна колекција на маички со вашите омилени ликови: Барт, Меги и Марџ Симпсон.  На една од маичките се аплицирани сите ликови на серијата. На задната страна од маичката има натпис Колет 25 инспириран од класичните американски фудбалски дресови и се однесува на значајниот јубилеј. Колекцијата ќе биде пуштена во официјална продажба на 15 јули.

Објавено:
23 мај 2014
Категорија: 
Колекции