Колекција на Бетси Џонсон инспирирана од 90-тите години

23 април 2014

Новата интересна соработка која дизајнерката ја има остварено со онлајн продавницата Urban Outfitters се темели на инспирацијата од 90-тите години.

Носталгијата по 90- тите години се основата за создавањето на капсулната винтиџ колекција која е составена од макси и  мини матурски фустани со цветен принт. За да се постигне целосниот ефект на гранџ стилот, дизајнерката колекцијата ја има дополнето со кожени јакни и чизми, а цената на модните парчиња варира од 90 до 350 долари.

Објавено:
23 април 2014
Категорија: 
Колекции