Колекција на Клое за Net-a-Porter

24 април 2014

По тој повод Клое создаде капсулна колекција инспирирана од топлото лето. Колекцијата е веќе пуштена во продажба, а интересно е тоа што секој ден ќе се објавува по еден модел. На онлајн шопот ќе се продаваат вкупно 14 парчиња и тоа блузи, панталони, џемпери и здолништа, а од модните додатоци тука се чантата во морнарско сина нијанса, златен прстен и алка

Клер Вејгт Келер за ова лето одлучи парчињата да бидат изработени од лесни ткаенини и пруги, односно колекција која ќе понуди опуштена елеганција – „Сакав да создадам атмосфера на плажа, но на урбаниот асфалт“. Во продолжение погледнете ги парчињата кои ќе може да ги најдете на онлајн продавницата Net-a-Porter.

Објавено:
24 април 2014
Категорија: 
Колекции