Колекција создадена за вашите летни патувања

19 јуни 2017

Еден од омилените шведски „high street" брендови, H&M, креираше мини кампања насловена „The Day Trip" како најава за нивната колекција создадена за летните патувања.

Ова е колекција која ќе ја спакувате во вашиот куфер со што ќе имате се што ви е потребно за вашиот летен одмор.

Линијата содржи дневни удобни парчиња и модни додатоци. Меѓу нив ќе ги издвоиме макси бохо фустаните, лелеави кошули, памучни шорцеви во комплет со дуксери, романтични топови комбинирани со бел џинс, еспадрили во пруги, како и кломпи на ниска потпетица во неутрални бои.

Фото: H&M

 

Објавено:
19 јуни 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
598 пати