Колекција за плажа на Блумарин

29 јули 2013

 

Исто како што брендот прикажува претапорте-колекции секоја сезона, така создава и колекција на костими за капење и облека за плажа. Всушност, колекцијата на Блумарин за пролет-лето 2013 ви нуди сè што ви треба во летниот период за летување покрај плаж: бикини, монокини, макси фустани, саронг-здолништа, едноделни костими за капење, шорцеви, летни фустани, шапки, торби за плажа и други модни додатоци. Јасно е дека брендот Блумарин знае како совршено да искомбинира женственост и елеганција и кога е летната гардероба во прашање, но и да вметне трендовски стилови како животински отпечатоци, интензивни бои, смели шари и ретро костими за капење.

 

 

 

 

 

Објавено:
29 јули 2013
Категорија: 
Колекции