Колекцијата на Каролина Херера ни носи пролет и во зима – волшебни модели, бои и дезени!

12 февруари 2020

Каролина Херера својата империја ја остави во сигурни раце!

Брендот под креативно водство на дизајнерот Вес Гордон, има светла, свежа, енергична иднина.
На Њујоршката модна недела 33-годишниот дизајнер прикажа една напредна визија во која успеа да сублимира елеганција, романтика и младешка игривост, спојувајќи ја препознатливоста на брендот со неговото инветнивно видување на иднината.

Инспиративна колекција во секој поглед!

По целиот свој темперамент и динамика,колекцијата повеќе асоцира на пролет иако е наменета за зима. Па пролет во зима, зошто да не?!

Веројатно и самата Каролина, која својата колекција ја следеше од првите редови, меѓу публиката, се воодушевувала во кој правец се движи нејзината модна империја.

Колоритот, исто како и дезените, принтовите и кроевите, е раскошен. Видлива е енергичната комуникација меѓу волуменозните ракави и нагласенот струк, а повеќедимензоналноста на моделите е постигната преку масивните карнери, кои очигледно ќе ја задржат својата популарност и следната сезона.

Уживајте во оваа модна разгледница.

Фото: Vogue

Објавено:
12 февруари 2020
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.318 пати