Либанскиот креатор Зухаир Мурад секогаш знае да им понуди вистинска причина на жените да го обожаваат. Во новата ресорт колекција за 2016 тој „флертува“ со своите обожавателки преку изборот на секој детаљ. Основата на колекцијата е розова и црна, украсена со колоритни флорални и графички принтови.

Раскошни тоалети, дводелни комбинации, мини здолништа и секси костуми облагородени со богата тантела и украсни камења, се препознатлив печат на дизајнерот кој и овој пат се држеше до својата дизајнерска интуиција која до сега ретко се покажала како погрешна.

Играта со форми пак, варира од едноставни и нежни силуети со нагласена половина со тенко ременче, до волуменизирани здолништа споени со кратки топови.

Објавено:
21 август 2015
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
3.269 пати