Колоритна колекција на „Валентино“ што веднаш ќе ви го привлече вниманието

23 јануари 2020

Кога ќе ја погледнете целата колекција од Висока мода на „Валентино“, ќе забележите дека има боја, што ја прави впечатлива, динамична и интересна.

На втор поглед, ќе си речете дека е премногу уметничка, но доколку малку подобро обрнете внимание, ќе видите дека истата изобилува со креации кои се вредни за внимание.

Пјерпаоло Пичоли за оваа колекција широките силуети ги замени со оние што ја следат линијата на телото. Покрај тоа, ги обединува повеќето актуелни трендови - интензивни бои, нагласени ракави, карнери, огромни панделки...

Во дел од креациите јасно се забележува влијанието од 1980-тите, пренесено и преку сјаните ткаенини и горните делови што потсетуваат на корсети со корпи што ја нагласуваат женската фигура.

Геометрискиот принт исто така доминира, како и принтовите што осликуваат бранови, што често се сретнува во ready-to-wear колекциите на брендот.

Странските медиуми пренесуваат дека Пичоли инспирацијата е комбинација од Карл Јунг, соништата, Надреализмот, улогата на потсвесното кај секого од нас, па оттаму и богатата палета бои и принтови.

Инаку, речиси секоја од креациите е во комбинација со долги и впечатливи обетки. 

Погледнете: 

Објавено:
23 јануари 2020
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
522 пати