Конечно: Шанел колекција достапна за сите!

15 март 2017

Ако досега Карл Лагерфелд беше познат по луксузните парчиња, деновиве светот го обожава бидејќи конечно направи колекција која ќе биде достапна и за сите други.

И додека оние парчиња од високата мода по кој брендот Шанел е познат се речиси невозможни за купување, дел од овие имаат пристапни цени за повеќето и почнуваат од стотина евра па нагоре.

Познатиот дизајнер ги смести овие парчиња во единствена колекција насловена како „Social Collection“, а во истата ќе најдете дневни и вечерни фустани кои можете да ги носите во разни прилики.

Во колекцијата има навистина разни модели, но сите го имаат препознатливиот потпис на дизајнерот – тантела, бисери и цветни мотиви.

Што се однесува до боите, девојките можат да одберат помеѓу лимитираните црна, бела, сина, црвена и нежна розова која ќе биде омилена во пролетта што доаѓа.

Најскапиот фустан во колекцијата чини некаде околу 370 евра, што за разлика од ултра високите цени по кои брендот е познат, е навистина за изненадување.

 

Објавено:
15 март 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.109 пати