Крикор Жаботјан е новиот Ели Сааб!

15 февруари 2017

Крикор Жаботјан е еден од оние млади и талентирани дизајнери чија кариера задолжително мора да ја следите.

Кога ќе ги погледнете неговите фустани и впрочем сите други парчиња ќе ја забележите неговата инспирација од големиот Ели Сааб.

Токму таму младиот Крикор ја започнал кариерата каде помагал во креативниот оддел на либанскиот дизајнер откако дипломирал на престижна модна академија во Бејрут.

Ели Сааб бил дизајнерот кој му ја покажал убавината на високата мода во која тој веднаш се заљубил и продолжил во тој правец, а кога ќе ги погледнете неговите парчиња ќе сфатите дека не згрешил.

Тој продолжил да работи на своите идеи, скици и колекции откако како стипендист на Starch фондацијата ја претставил својата прва колекција.

На 23 години го отворил своето прво модно студио и почнал да го создава модното царство кое денеска има огромен број обожаватели.

Од фотографиите ќе забележите дека тој користи исклучително квалитетни и посебни материјали, а за неговите дизајни воопшто и не станува збор, едноставно знаеме дека ќе ги обожавате!

Објавено:
15 февруари 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
2.153 пати
Извор: 
modamo.info