Лондонската модна недела посветена на машката мода завршува денес и тоа со ревијата на Вивиен Вествуд. Но, она на што ние денес ќе се осврнеме е ревијата на брендот КТZ, односно нашите Марјан Пејоски и Сашо Бежовски, кои работат на релација Бали-Лондон.

Најновото од нив за есен 2017 го презентираа вчера, а првите коментари се и повеќе од одлични.

Пејоски и неговиот тим повторно вметнаа повеќе референци при креирањето на парчињата. Овој пат се повикаа на духовноста, униформите на војниците од Античка Грција, мотокрос, сексуални супкултури, но и шкотските килтови...

Миксот на сето тоа доведе до колекција со силен израз. Бомбер јакни, унисекс широки здолништа, волуменозни џемпери и дуксери, како и широки фустани и тесни панталони се дел од прачињата што се во фокусот. Секое од нив е со врзувања, што создава драматичен и впечатлив ефект, а дизајнерите остануваат доследните на палетата – црна, бела и маслинесто зелена.

Забележливо е и присуството на корсетски елементи, повторно на врзување (или т.н. шнирање).

Како изјавува Пејоски, а пренесува WWD, колекцијата е буквална референца модерниот начин на живот, на притисокот што се создава кај секој поединец.

-Денес е многу леснод а креирате армија, ако сакате. Тоа е очигледен и предвидлив начин. Но, во оваа колекција јас не мислам на армија во традиционална смисла на зборот, туку повеќе мислам на силна група луѓе – вели дизајнерот.

Група на луѓе што е доволно силна да го издржи притисокот, а сепак да биде индивидуална.

Инаку, кон брендот неодамна се приклучи уште еден член, за што повеќе ќе дознаете на Fashionel.mk наскоро.

Објавено:
9 јануари 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
131 пати