Лагерфелд се забавуваше при создавањето на новата предзимска колекција за Фенди

30 мај 2014

Карл Лагерфелд очигледно уживал додека ја создавал својата нова предзимска колекција за Фенди, која на прво видување како основен предзнак го добива терминот - забавна.

Во линијата е направен тотален урбан микс на поп арт, графити, тридимензионални форми и пачворк техника со што секое парче доживува своја кулминација во младешката приказна на уникатниот дизајнер.

Целата колекција е брендирана со логото на Фенди преку графити и беџови во весели бои кои доминираат во континуитет. Слоевитиот спој на парчињата е направен преку избор на различни материјали кои варираат од транспарентни и лелеави до крзнени и кожени.

Повторно е продолжена тенденцијата на кратки топови и здолништа и панталони со висок струк, а надополнети со урбани чанти на кои исто така е пресликана идејата со графитите, а особено привлекуваат внимание оние со пуфкасти крзнени и пердувести украсни елементи.

 

 

 

 

Објавено:
30 мај 2014
Категорија: 
Колекции