Летна егзотична колекција на Елена Лука која ќе ве освои од прва

23 јуни 2014

„Summer colours“  е насловот и темата по која реномираната македонска модна куќа Елена Лука  се води за најновата летна колекција која опфаќа богат спектар од ултра модерни креации создадени за префинетиот вкус  на девојките и жените. Насловот на колекцијата е доволен водич за тоа дека креациите зрачат во изобилство од контрасти на бои и пастелни нијанси , односно  токму оние што се потребни во гардероберот  на секоја припадничка од  понежниот пол за оваа тековна топла сезона.  Колекцијата е сочинета вкупно од  80 парчиња, а секој дизајн од истите е создаден од памучни материјали. Преку играта на кроевите и по  потребите за комфорно и модерно лето,  „Summer colours“ е идеална како за дневните така и за  вечерните изгледи.

 

Елена Лука секогаш умее да изненади со специфичните дизајнерски идеи, а случајот од најновиот моден продукт е во бохо стил на комбинезони, макси и фустани со должина до колена, кратки топови, кошули, кошула-фустан  и широки панталони со макси ногавици. Дека Елена Лука е секогаш во чекор со светските модни трендови, доказ се одличните комбинации од креациите на принт со монохроматски парчиња во минималистичките бела и црна боја. Во однос на цветните принтови, веруваме дека ќе го пронајдете вистинскиот за вас, бидејќи изборот е голем и варира од дискретни па се до впечатливи и крупни контрастни принт цветови.

Со зголемувањето на временските температури веруваме дека ви се потребни токму вакви летни парчиња. Заштедете од вашето време во потрага на идеалната летна гардероба за вас и упатете се кон салоните на Елена Лука, таму ќе бидете затекнати од голем избор и прифатливи  цени за сечиј џеб.  Ова лето бидете уникатни и носете креации со потписот на Елена Лука.

Објавено:
23 јуни 2014
Категорија: 
Колекции