Омилените Долче и Габана ја претставија лимитираната колекција со прекрасни чевли и чанти со кои секоја девојка во светот ова лето ќе изгледа неодоливо.
И како што ѝ доликува на сезоната, неколкуте парчиња од колекцијата се целосно цветни украсени со софистицирани, колоритни кристали.
Чевлите се направени со мала потпетица и украсени се со прекрасни камења во предниот дел. Од брендот, истите ги комбинираат со класичната „Сицилија“ чанта со која совршено ќе го надополните вашиот изглед.
Во колекцијата е сместен и модел на чанта со подолги рачки што може да се употреби и како торба за на плажа, секојдневна торба или пак таква за патување.
Веруваме дека како и ние, и вие ќе се заљубите во оваа целосно цветна колекција на брендот која е вистинско олицетворение на женственост и љубов!
Истата ќе се продава само во Јапонија и тоа во шест внимателно одбрани продавници.