Љубовта има нова мерка за тежина-Гучи срцињата!

11 февруари 2014

 

Отчукувањата на часовникот се повеќе не приближуваат до најљубовниот ден во годината, Св. Валентин, а вие сигурно се мислите дали срцињата се мерка за тежина на љубовта? Ако е така тогаш новата Gucci Heartbeat Print колекција, ќе ги исполни вашите желби и критериуми, а богами ќе ви подари и милиони срциња.

 

 

Станува збор за специјално издание на пролетна колекција која модната куќа Гучи ја лансираше за да ги израдува своите клиенти. Линијата вклучува чанти, торбички, паричници, мини несесери за шминка, футроли за картички, марами, панталони, фустани, кошули, сандали, обувки, патики, балетанки, детски блузички, фустанчиња, панталони. Сите се изработени од најквалитетна кожа, свила, памук и платно, имаат неверојатно интересен принт од милиони срциња, а се наменети за припадничките на понежниот пол и нивните мали принцези.

 

 

Ова е дефинитивно една од најслатките и најљубовните пролетни колекции. Избројте ги вашите срцебиења и започнете да ширите љубов.

 

Објавено:
11 февруари 2014
Категорија: 
Колекции