Луис Хамилтон има супер урбана колекција во соработка со Томи Хилфигер

14 март 2019

Петкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон е новиот бренд амбасадор на американскиот бренд Томи Хилфигер, за машката пролетна колекција за 2019-та.

Колекцијата е насловена „TommyXLewis" и го отсликува темпераментниот дух на Хамилтон, преку свежиот колорит, урбаната естетика и спортскиот дизајн.

Преку оваа лимитирана линија, спортската облека добива освежен и модерен лик инспириран од поп културата и уличната мода во Лос Анџелес.

Ќе забележите дека на сите парчиња се појавува логото „LH" што го обединува култниот потпис на дизајнерот со иницијалите на спортистот.

 

Објавено:
14 март 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
150 пати