За неговата пролетна колекција Николас Гескјер ќе каже дека е целосно посветена на жените и со истата сака максимално да ги охрабри.

„Минатиот месец имаше толку многу дискусии за тоа кое е местото на жената и си помислив дека треба да направам нешто со што ќе ги охрабрам, а го можам тоа како дизајнер“, изјави тој пред почетокот на шоуто.

Токму тоа и го направи со серија парчиња кои беа олицетворение на сила и моќ, парчиња со интересен принт, впечатливи материјали и шик кроеви.

На пистата можевме да видиме и интересни палта со различни должини и кул принтови, цветни комбинезони, одлично скроени панталони, кожени здолништа, кошулки со волуменозни ракави, кожени елечиња, но и романтични фустани во прекрасни бои.

Иако на пистата тој прикажа и навистина женствени и романтични парчиња, сепак имаше и одлични костими во кои секоја жена би изгледала силно и впечатливо кога ќе ги облече.

Неговата ревија го заврши четиринеделниот маратон наречен париска модна недела, по што модната елита може малку да здивне.

Извор и фото: WWD

Објавено:
4 октомври 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
297 пати