Луј Витон за крај на Париската модна недела

8 октомври 2015

Крајот на модната недела во Париз беше резервирана за колекциите на Луј Витон и Миу Миу.

Кожа, лакирана и матирана, со логото на Луј Витон е хитот на модната куќа за следната пролет. LV се појавува на ракавите, рамниците, но го нема на чантите како што беше најчесто случај до сега.

Особено внимание привлекуваат комбинезоните, обоени со dip dye техниката, како и фустаните со футуристичка нота, кои создаваат оптичка илузија.

Кога се обувките во прашање, кај сандалите може да се почувствува влијанието од 1990-тите, а оние до глужд со животински принт се новиот, пролетен must-have.

Миу Миу пак изненади со поп-арт ромбови. Од материјалите со овој дезен се изработени долги мантили и сакоа, кои доминираат низ колекцијата, а се комбинираат со панталони и здолништа до глужд. Во пролетната приказна на Миу Миу има и крзно, заедно со шифон, најчесто искористен за кошулите.

Обувките се посебна приказна. Од рамни сандали и балетанки, преку салонки, до робусни сандали со принт, кои добро се вклопуваат со останатите парчиња. Мноштво бои во различни нијанси ги следат сите трендови од овој моден бренд, што ја прави колекцијата разиграна и посакувана.

Објавено:
8 октомври 2015
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
348 пати