Луксузна ресорт колекција на Зухаир Мурад

29 јуни 2018

Инспириран од животот на море, неговата сензуалност и егзотика, либанскиот дизајнер Зухаир Мурад ја креираше својата нова ресорт колекција за 2019.

Луксузот и женственоста се базични референци на неговиот дизајн, што и овојпат се доминантно присутни, флуидно споени со слободниот дух на бесконечните морски хоризонти.

Се забележува и софистицирана модификација на морнарските униформи, акцентирана преку изборот на интензивно сината боја која во повеќе наврати се појавува на различни модели, како и дворедното закопчување со масивни копчиња, аплицирани на сакоата, комбинезоните и фустаните.

Елегантните макси фустани со свечена нота добиваат ноншалантен шарм преку лелеавите и слободни кроеви, а флоралниот дезен се провлекува како највпечатлива нишка.

Објавено:
29 јуни 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.252 пати