Мачките ја инспирираа Стела Мекартни за новата предесенска колекција

14 јануари 2016

Британската дизајнерка Стела Мекартни во фокусот на својата предесенска колекција за 2016 година ги постави мачките. Животински принтови од мачки на вештачкото крзно,се водечкиот симбол на оваа линија, додека домашните миленичиња пак имаат своја улога и во новиот лукбук во кој позираат заедно со манекенките.

Колекцијата го носи духот на 60-тите кои се најавуваат и како доминантно инспиративни во модната индустрија и за претстојната сезона.

Инаку, она што е веќе и карактеристика во формата на презентација на колекциите на Стела Мекартни, се секогаш инвентивните идеи во изборот на локации. Овој пат, Стела на своите бројни познати гости, меѓу кои и Џони Деп, Гвинет Платроу, Мерлин Менсон, Орландо Блум, Пинк, им понуди единствено рокенрол уживање во една од најпознатите музички продавници во Лос Анџелес, Amoeba Music, каде се слушаа култните хитови на Дејвид Боуви.

 

Објавено:
14 јануари 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
353 пати