Вчеравечер во Музејот на Македонија во Скопје, сe одржа модна ревија насловена "Made in Macedonia: Cовремен дизајн накитен со минатото," на која свои креации преставија повеќе македонски дизајнери.

Настанот беше во организација на "Добредојде" Македонија Welcome Center и aмбасадорот на Соединетите Американски Држави, Н.Е. г-дин Џес Л. Бејли, со сопругата Кејпи Полк Бејли.

„Драго ни е што за првпат во Македонија организираме модно шоу коe претставува спој на културното наследство со најновите модни трендови. Очекуваме во иднина овој настан да стане и традиција" изјави Емилија Миладининова Аврамчева, претседател на "Добредојде" Македонија Welcome Center.

Алек Бимбилоски, „Румор“

„Музејот на Македонија има извонредна колекција на традиционална македонска облека. Сакам да ги поддржам нивните напори за зачувување, заштита и промовирање на образовната вредност на овие културни предмети. Впрочем, нашата облека и ткаенините раскажуваат приказна за историјата, животот и за културата насекаде во светот. Сфативме дека модерниот дизајн може да создаде ново културното наследство и да го зачува старото преку креативност, стил и додавање на современа нишка. Дизајнерите се и отсекогаш биле уметници, претприемачи и огледала на културата и традицијата " г-ѓа Кејпи Полк Бејли истакна на отворањето на ревијата.

Лидија Георгиева

Низ вековите, македонските креации ја пренесуваат својата порака до современата мода и ја пресликуваат вечноста на префинетиот дизајн. Несекојдневните креации во кои беа имплементирани современиот дизајн и елементи од традиционалната култура, претставија неколку македонски дизајнери: Никола Ефтимов, Алек Бимбилоски "Румор", Лидија Георгиева, Росица Мршиќ, Тања Кокев, Олгица Георгиева, Силвија "Алшар", Антонија Ристовска, Никола Булески, Нела Тодоровска, Роберт Ивановски и Ивана Кнез " Драма".

Никола Ефтимов

Објавено:
10 ноември 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
743 пати