Познатата хрватска дизајнерка Александра Дојчиновиќ ја претстави својата нова, петта по ред самостојна колекција за сезоната есен/зима 2018-2019 година.

Како и секогаш, таа одбра магична локација за прикажувањето на нејзината колекција, овојпат ателјето Мештровиќ, посветено на познатиот хрватски вајар Иван Мештровиќ.

Според прикажаното, дизајнерката за следната студена сезона предлага девојките да се ултра храбри и да одберат парчиња во кои ќе заминат на гламурозна забава и ќе бидат тотално свои.

Lei Lou девојките не се плашат да носат впечатливи фустани со реси, дизајнирани високи чизми над колената, транспарентни фустани, волуменозни ракави и уште многу други шармантни парчиња.

Посебен дел во колекцијата заземаат карираните палто – фустани кои дизајнерката ги комбинира со високи чизми, кожени чанти и ракавици.

Она што беше посебно овојпат е тоа што дизајнерката одлучи да се потсети на животот и делото на познатиот хрватски вајар Иван Мештровиќ и да ја приближи неговата уметност до јавноста.

Колекцијата таа ја прикажа токму во просторот каде се наоѓа неговата куќа, место кое денеска се вика Ателје Мештровиќ.

По завршувањето на ревијата, таа ги прошета нејзините гости низ целиот простор во присуство на кустос, кој говореше за уметничките дела на познатиот вајар.

Извор и фото: Buro 24.7, Harpersbazaar.rs

Објавено:
31 мај 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
176 пати