Македонската дизајнерка Катарина Лука која работи под брендот „Kali Rose“ има нова супер колекција насловена како „Soul on Fire“ за сезоната есен/зима 2018-2019 година.

На нејзиниот Фејсбук профил таа објави фотографии од интересната фотосесија преку која ги презентира новите креации, а за истото се ангажирани моделите Ивана Гелева, Горјана Кулишевска, Андреј Клинчаров и Мио Петерсон.

Како и во минатата колекција што дизајнерката ја презентираше на Модниот викенд Скопје, и во оваа изобилува црната боја со сиви детали.

 

Фотосесијата ја изработи Дејан Бошковски, а сите фотографии и парчиња од истата ги гледате погоре во галеријата.

Фото: Дејан Бошковски

Објавено:
22 ноември 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
496 пати