Малку поинаква ресорт колекција на Меквин

27 јуни 2014

Ова е период на ресорт колекциите, а своите предлози ги презентираа и од брендот Александар Меквин.

Креативната директорка на Александар Меквин, Сара Бартон се инспирираше од познатите колажи на Matiss, кои ги красат винтиџ кимоната, а таа ткаенина се користела при изработка на машката облека.

McQueen

Така, новата ресорт колекција на куќата и во прилично строг крој, што е по малку и изненадување. Мантилите и фустаните со изразени колкови и црно-бел принт, како и оние со светло сини везови се инспирирани со принцот од Велс, а мантилите односно капути со широки спуштени ракави се изработени со густо ткаење, кое потсетува на традиционалните јапонски фустани. Низ целата колекција се провлекува и кожата како материјал, во комбинација со винил. Особено се забележува кај оние парчиња што имаат геометриска прецизност.

McQueen

Ресорт колекцијата содржи и парчиња од плексиглас и тоа во облик на ливчиња од цвеќе. Во комбинација со цветовите од свила аплицирани врз фустаните од органза, создаваат 3 Д ефект. Иако колекциите на овој бренд секогаш се карактеризираат со фантазија и имагинација, овој пат Бартон си поиграла со традиционални кроеви, сакајќи на тој начин да и се доближи до реалната и секојдневна жена.

McQueen

McQueen

McQueen

McQueen

McQueen

McQueen

McQueen

McQueen

McQueen

McQueen

McQueen

McQueen

McQueen

McQueen

McQueen

Објавено:
27 јуни 2014
Категорија: 
Колекции