Манго ги најавува новите пролетни тенденции

14 март 2017

Во новиот едиторијал на шпанскиот бренд Манго, насловен „Iconics" се најавуваат сите оние тенденции што ќе преовладуваат оваа пролет.

Акцентот е ставен на формите меѓу кои најдоминантни се ѕвонестите, карнерите што се застапени во сите варијанти, џинсот, дводелните костуми што се состојат од сакоа со нагласени рамена и панталони со висок струк.

Кошулите се со принт во пруги, обичните бели маички носат интересни натписи и пораки, а очилата за сонце се во стилот на 70-тите.

Покрај тоа, неизбежни за оваа пролет се и балонерите и плисираните здолништа кои ќе ја задржат својата популарност од претходните сезони.

 

Објавено:
14 март 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.709 пати