Во време кога празничната еуфорија веќе почна да се чувствува, Манго ја лансираше новата есен/зима колекција посветена на деновите полни прослави и луда забава до раните утрински часови.

Не постои поубав период од годината од новогодишниот и сето она што е поврзано со прославите поврзани со празниците.

По тој повод, девојките секогаш сакаат да блеснат на сите организирани забави или пак едноставно, да го „разгорат“ празничниот дух во канцеларијата со внимателно одбрани парчиња.

Во колекцијата на брендот ќе најдете впечатливи парчиња за сечиј вкус и за секоја пригода, почнувајќи од секојдневните забави во претпразничниот период, па сè до најлудата ноќ кога сите сакаме да се чувствуваме посебно.

Дизајнерите на брендот во неа сместија свечени фустани со светки, тренди комбинезони, лелеави парчиња, ретро блескави кошули, уникатни модни додатоци, парчиња од вештачко крзно, топли џемпери во омилената црвена боја и што уште не.

Колекцијата веќе можете да ја најдете во продавниците на брендот, а парчињата можат да ви послужат и како совршен подарок за најблиските за претстојните празници.

Комбинирајте ги со веќе постоечки парчиња од брендот и бидете во центарот на вниманието каде и да се појавите.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by MANGO (@mango) onNov 13, 2018 at 6:48am PST

Експериментирајте со стилот и оваа празнична сезона носете сребрени чизми со џинс на работа, впечатливи обетки на обичната, црна ролка, долг уникатен фустан на забавите и покажете дека сакате да освојувате.

А, верувајте, ќе ги освоите сите со прекрасните материјали и додатоци како внимателно одбраното меко кадифе, впечатливите колоритни мониста, тантелата, накитот и сè она што е содржано во новата колекција на брендот.

Оваа празнична сезона, бидете уникатни со нивните парчиња и блеснете каде и да се појавите.

Објавено:
15 ноември 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
529 пати