Манго колекција за шик деловни дами

21 февруари 2019

Шпанската етикета Манго, во својата нова пролетна колекција особен акцент стави на деловните парчиња.

Иако генерално ваквите бејзик парчиња наоѓаат примена буквално во сечиј стил, сепак оваа пролетна линија е со посвета на стилските и модерни бизнис жени.

Оваа колекција изобилува со парчиња што важат за мултифункционални, лесно се комбинираат и меѓусебе и со остатокот од парчињата во гардероберот, а соодветни се за широк спектар на прилики и настани – од деловни состаноци до коктел забави.

Доминираат неутралните тонови, пастелните нијанси, тегет и црна боја, што повторно е во прилог на нивното лесно имплементирање во сечиј изглед.

 

Објавено:
21 февруари 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
3.368 пати