Манго предлага неутрални бои и минимализам во пред есенската колекција

20 мај 2014

Шпанскиот бренд Манго за пред есенската сезона предлага прекрасни парчиња што се вистинско олицетворение на минимализмот и шармантните неутрални бои.

Познатиот бренд за сите трендсетерки нуди многу едноставни и носливи дизајни кои што овозможуваат безброј начини на комбинирање.

Минималистичките кроеви, боите како сива и бела и прекрасните меки и нежни материјали, се појавуваат како основа на целата пред есенска колекција, а во колекцијата секако се појавуваат и удобните плетеници и карираните дезени.

За следната сезона, модниот бренд предлага и слоевитост при облекувањето, но и модни додатоци како ранци и рамни чевли на целосна платформа.

Иако веруваме дека во моментов размислувате за милион летни комбинации, супер е да видиме и што ќе се носи оваа есен.

Во продолжение погледнете ја колекцијата и одличниот лукбук на шпанскиот гигант Манго.

Објавено:
20 мај 2014
Категорија: 
Колекции